Амбасадорката на Израел во Македонија, Вивијан Ајзен, објави видео-снимка од обидот за опожарување на синагогата во Скопје, направена од безбедносни камери каде на снимката се гледаат две лица како прескокнуваат ограда и се доближуваат до влезот на објектот. Потоа, тие прскаат со запалива течност, по што фрлаат факел и предизвикуваат пожар.
За случајот од Министерството за внатрешни работи го потврдија обидот за опожарување на објект на Еврејската заедница и на синагогата во Скопје и дека и дека се преземаат мерки за расчистување на инцидентот.
Амбасадорката на Израел во Македонија, Вивијан Ајзен, која ја објави видеоснимка од обидот да се запали синагогата во Скопје со порака:
Вивијан Ајзен – амбасадорка на Израел во Македонија
„Длабоко вознемирувачки антисемитски инцидент во Северна Македонија, прв од 1945 година, ги погодува самите вредности на соживот што ги почитува еврејската заедница. Јас сум на страната на заедницата и ги повикувам македонските власти да ги изведат одговорните пред лицето на правдата.“ – напиша амбасадорката Ајзен, објавувајќи го и видеото на платформата Х.
Претседателот на Еврејската заедница во Македонија, Пепо Леви во изјава за ТВ24 вели дека првпат во поновата историја бил извршен ваков чин што за нив не е само напад врз верски објект, туку длабоко вознемирувачки удар врз темелните вредности на цивилизираното општество – соживотот, достоинството и заемната почит.
Поранешниот амбасадор Виктор Габер во реакцуијата по однос на палењето на Синагогата вели дека треба да се почекаат резултатите од истрагата на надлежните органи за овој безумен настан за утврдување на сите факти и изведување на сторителите пред лицето на правдата.
Виктор Габер – поранешен амбасадор
„Но, не треба да останеме неми и да не осудуваме вакви активности кои се во спротивност со нашата филозофија на опстојување во македонското општество. Да се подига рака против една заедница која е дел од нас, кон наши сограѓани, е рамно на поматен ум“ – вели Габер во својата реакција.
Објектот на Еврејската заедница се наоѓа во центарот на градот. Еврејската заедница ги повика надлежните органи целосно да го расветлат случајот, но, како што велат, уште поважно – апелираат општеството да не дозволи омразата, стравот и незнаењето да станат погласни од разумот, човечноста и правдата.








