домаМакедонијаМицкоски: Со Пленковиќ разговаравме за продлабочување на соработката помеѓу двете држави

Мицкоски: Со Пленковиќ разговаравме за продлабочување на соработката помеѓу двете држави

- Advertisement -spot_img

Премиерот Христијан Мицкоски и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ претпладнево во Охрид одржаа тет-а-тет средба, а потоа им се придружија на делегациите на владина билатерална средба во хотелот „Инекс Олгица“.

– Во пријатна и конструктивна атмосфера разговаравме за продлабочување на соработката помеѓу двете држави регионалната стабилност, европската перспектива и заедничките предизвици – објави на „Фејсбук“ премиерот Мицкоски.

Двајцата премиери треба да потпишат договори за стратешка соработка помеѓу двете земји, а македонското Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини и хрватското Министерство за економија ќе потпишат меморандум за соработка.

Претходно, со свечена церемонија премиерот Мицкоски го пречека хрватскиот колега Пленковиќ на охридскиот аеродром.

– Денес имав чест и задоволство да го пречекам претседателот на владата на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ. Оваа средба претставува потврда за добрите односи и пријателството помеѓу Македонија и Хрватска, како и важноста на меѓусебната соработка, европските вредности и регионалната стабилност – напиша Мицкоски по пречекот на неговиот хрватски колега.

За време на престојот на Пленковиќ во Македонија предвидена е и бизнис-средба на сопственици на компании од двете држави.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img