-8.2 C
Skopje
13 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаМуцунски во ОАЕ: Отворена врата за нови инвестиции и заеднички проекти во...

Муцунски во ОАЕ: Отворена врата за нови инвестиции и заеднички проекти во инфраструктурата, енергетиката, туризмот и технологијата

- Advertisement -spot_img

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на неговата посета на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) денеска се сретна со министерот за надворешна трговија, Тани бин Ахмед Ал Зејуди.

Двајцата министри ја потврдија одличната билатерална соработка и го истакнаа растечкиот потенцијал за продлабочување на односите, со посебен акцент на економијата, трговијата и инвестициите како приоритетни области.

Како што информираат од Кабинетот на Муцунски, соговорниците се согласиле дека денешната средба „отвора врата за нови инвестиции и заеднички проекти“ кои значително ќе ја зајакнат економската поврзаност меѓу двете држави.

Министрите ја потврдија подготвеноста за интензивирање на соработката во неколку клучни сектори: инфраструктура, енергетика, туризам и технологија.
Овие сектори се препознаваат како области каде ОАЕ има глобално лидерство во иновациите, што може да донесе големи придобивки за македонската економија.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img