Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски изрази длабоко сочувство по повод смртта на кралот на Норвешка, Харалд V.
Муцунски преку објава на социјалната мрежа „Икс“ напиша дека е длабоко погоден од веста за смртта на норвешкиот монарх, истакнувајќи ја неговата долгогодишна посветеност кон норвешкиот народ, објави 4news.mk
„Длабоко сум ожалостен поради смртта на Неговото Височество, кралот Харалд V од Норвешка. Тој го посвети својот живот на служба на норвешкиот народ и уживаше највисока почит, како во својата земја, така и во странство“, напиша Муцунски.
Тој додава дека долгата и посветена служба на кралот кон неговата земја ќе биде запаметена со длабока почит.
Муцунски упати најдлабоко сочувство до кралското семејство, Владата и народот на Норвешка во овие моменти на национална жалост.






