домаМакедонијаМуцунски-Конаковиќ: Проширувањето е стратешки интерес за земјите од Западен Балкан и за...

Муцунски-Конаковиќ: Проширувањето е стратешки интерес за земјите од Западен Балкан и за самата ЕУ, особено во услови на засилени геополитички предизвици

- Advertisement -spot_img

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Сараево оствари средба со министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ.

На средбата беа потврдени одличните билатерални односи и континуираната соработка меѓу двете држави, како и конструктивниот политички дијалог што се одвива на сите нивоа.

„Одржуваме редовен и содржаен политички дијалог на сите нивоа и немаме отворени билатерални прашања. Во денешните геополитички околности, тоа претставува редок и позитивен пример во нашиот регион“, истакна Муцунски на заедничката прес-конференција по средбата.

Соговорниците разговараа за актуелните политички состојби во регионот, европската интеграција и политиката на проширување на Европската Унија. Притоа беше нагласено дека проширувањето претставува стратешки интерес и за земјите од Западен Балкан и за самата Европска Унија, особено во услови на засилени геополитички предизвици.

„Нашите две држави ги поврзуваат заеднички стратешки цели, пред сè европската перспектива на регионот, како и заедничката определба за зачувување на мирот, стабилноста и безбедноста на Западен Балкан и Европа“, нагласи Муцунски.

Во разговорите беше потврдена и подготвеноста за понатамошно продлабочување на билатералната соработка, пред сè на економски план. Беше истакната потребата од почести бизнис-форуми, подобрување на транспортната поврзаност и повторно воспоставување на директната авиолинија Скопје – Сараево.

„И покрај одличните политички односи, постои значителен простор за унапредување на економските врски меѓу двете земји. Во таа насока, иницираме организирање на бизнис-форуми, надминување на оперативните предизвици во транспортот и подобрување на транспортната поврзаност, вклучително и преку повторно воспоставување на директната авиолинија Скопје – Сараево“, истакна министерот Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за актуелните безбедносни предизвици во регионот, при што беше нагласена важноста од зачувување на стабилноста, суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на Босна и Херцеговина, во согласност со Дејтонскиот мировен договор.

„Цврсто стоиме зад суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на Босна и Херцеговина. Почитувањето на државните симболи и меѓународно признатиот субјективитет на БиХ останува наш принципиелен и конзистентен став“, истакна Муцунски.

Осврнувајќи се на евроатлантската перспектива на Босна и Херцеговина,Муцунски нагласи:
„Како земја-членка на НАТО, силно ги поддржуваме евроатлантските аспирации на Босна и Херцеговина и напорите за спроведување на реформите во соработка со Алијансата и меѓународните партнери. Истовремено, сметаме дека ангажманот на НАТО и Европската Унија, заедно со присуството на ЕУФОР-Алтеа и Канцеларијата на високиот претставник, остануваат од суштинско значење за зачувување на стабилноста, безбедноста и целосната имплементација на Дејтонскиот мировен договор.“

Воедно, беше потенцирана и важноста од меѓусебната поддршка во рамките на актуелните кандидатури во меѓународните организации и форуми.

„Убеден сум дека денешните разговори ќе дадат нов импулс во натамошното јакнење на нашето партнерство и пријателство, засновано на доверба, меѓусебна поддршка и заедничка визија за стабилен, безбеден и економски просперитетен регион“, истакна министерот Муцунски.
Двајцата министри ја потврдија подготвеноста за натамошно зајакнување на политичкиот дијалог, економската соработка и партнерството меѓу двете пријателски земји.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img