Процесот на преговори е сложен и предизвикувачки, но и од доверлив карактер, поради што во овој момент не може да бидат соопштени повеќе детали, вели Муцунски.
Македонија е блиску до склучување договор со САД за царинските тарифи, а заедничката изјава е потврда за тоа, рече Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија. Тој истакна дека САД во моментов преговараат со целиот свет во однос на ова прашање, а „фактот што одлучија да ни дадат нам приоритет, на една помала држава, не толку значајна за американскиот пазар од економска гледна точка, е директен одговор на прашањето што значи оваа посебна релација и ова стратегиско партнерство со Вашингтон“.








