домаСветМожеби Русија не планира но, БРИТАНИЈА И ГЕРМАНИЈА ПРОВОЦИРААТ ВОЈНА

Можеби Русија не планира но, БРИТАНИЈА И ГЕРМАНИЈА ПРОВОЦИРААТ ВОЈНА

- Advertisement -spot_img

Британските вооружени сили во раните утрински часови во неделата пресретнаа руски нафтен танкер во Ламанш, во операција која ја потврди британскиот премиер Кир Стармер, пренесува BBC.

Во шестчасовната акција, командоси на Кралската морнарица и специјално обучени полицајци од Националната агенција за борба против криминал се качиле на бродот со воздушна поддршка од Кралското воено воздухопловство (RAF). Бродот, идентификуван како „Smyrtos“, моментално е задржан и под надзор кај јужниот брег на Англија, додека истрагата продолжува, соопшти британското Министерство за одбрана.

Стармер изјави дека операцијата претставува „уште еден удар за Русија“ и порака до оние што го поддржуваат војната на Владимир Путин во Украина дека „нема да им биде дозволено да се кријат“.

Според британските власти, Русија користи таканаречена „флота од сенка“ – повеќе од 700 бродови кои служат за заобиколување на меѓународните санкции и продолжување на извозот на нафта. Се проценува дека оваа флота транспортира околу 75% од санкционираната руска нафта, што претставува клучен извор на приходи за Кремљ.

Британската влада претходно најави дека вооружените сили имаат овластување да се качуваат на санкционирани бродови кои минуваат низ британски води. Досега, Велика Британија има санкционирано повеќе од 500 пловила. Во операцијата учествувале и поморски патролни авиони, авион RAF P-8, како и бродовите HMS Sutherland и HMS Ledbury. Акцијата била координирана со Франција, во рамки на заедничките напори за контрола на санкциите.

Францускиот претседател Емануел Макрон претходно изјави дека француската војска, со британска поддршка, пресретнала санкциониран танкер за кој постоеле сомнежи дека припаѓа на руската тајна флота. Британскиот хеликоптер исто така обезбедувал поддршка за време на операцијата, соопшти Министерството за одбрана за BBC.

Рускиот претседател Владимир Путин, минатата недела, најави дека Русија ќе преземе мерки за заштита на своите бродови од пиратските напади и акции.

Извор: vecer.mk

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img