Масовен напад со украински дронови ја погоди Москва и околината, при што руската противвоздушна одбрана соопшти дека соборила над 190 беспилотни летала. Киев, пак, јавува за смртоносни руски удари врз Запорожје и Харков, додека Молдавија го осуди новото нарушување на својот воздушен простор.
Во меѓувреме, рускиот министер Лавров потврди дека севернокорејски војници ѝ помагаат на Русија во Курската област. Зеленски, пак, најави засилување на украинските единици и продолжување удари со долг дострел.
„Ги продолжуваме операциите со долг дострел. Приоритетите за длабоки удари до септември веќе се утврдени, а работиме и на обезбедување дополнителни финансии и ресурси за овие операции“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.






