6.8 C
Skopje
15 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeРегионМладата Босанка Адна (26) почина само два дена по свадбата- ѝ се...

Младата Босанка Адна (26) почина само два дена по свадбата- ѝ се слошило среде веселбата

- Advertisement -spot_img

Адна и нејзиниот сопруг Фарис се венчале во сабота, 13 септември, во хотелот „Холивуд“ во Сараево во Илиџа. Ноќта што требало да биде најубавата во животот на младиот пар се претвори во трагедија. Според семејството и пријателите, на Адна одеднаш ѝ се слошило на свадбата и итно била префрлена во КЦУС Сараево, каде што починала во понеделник, 15 септември, на 26-годишна возраст, пренесе Телеграф.

Погребот ќе се одржи во среда, 17 септември 2025 година, во 14:30 часот на градските гробишта Баре.

Адна работела со козметика и имала свој салон во Сараево, а нејзините пријатели ја опишуваат како вредна, насмеана и секогаш весела девојка, пишува црната хроника.

На социјалните мрежи, пријателите и познаниците се збогуваат со младата Босанка со емотивни пораки:

„Вчера беше меѓу нас, денес се збогуваме со тебе. Почивај во мир, драга Адна“, „Алах нека ти даде рај, а твоето семејство трпение во овие тешки моменти“, „Не е фер што животите на младите луѓе запираат толку рано. Ќе останеш во нашите срца“, се само дел од пораките.

Трагедијата што го погоди семејството Ровчанин-Омербеговиќ за кратко време одекна низ целото Сараево, а соседите, пријателите и познаниците најавуваат масовно збогување за младата Адна.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img