домаХроникаМИСТЕРИОЗНО УБИСТВО: Жена пронајдена обесена на дрво

МИСТЕРИОЗНО УБИСТВО: Жена пронајдена обесена на дрво

- Advertisement -spot_img

Трагичниот случај со 29-годишната Тасија Форчун од Џексон, Мисисипи, доби нов тек откако истрагата покажала дека жената најверојатно била мртва пред нејзиното тело да биде обесено на дрво.

Форчун била пронајдена во август, а по извршената обдукција медицинскиот вештак заклучил дека станува збор за убиство. Според полицијата, постојат индиции дека местото на настанот било наместено, односно дека телото било поставено таму по нејзината смрт.

Точната причина за смртта сè уште не е соопштена, а не е утврден ниту мотивот.

Мајката на жртвата, Кристи Спиви, изјавила за Би-Би-Си дека новите сознанија ѝ отвориле уште повеќе прашања.

„Сè уште не ја знаеме причината за смртта, не го знаеме датумот на смртта – ништо. Од што всушност починала?“, прашува таа.

Во рамките на истрагата досега се уапсени три лица, но полицијата јавно не соопштила каква била нивната поврзаност со Форчун.

На суд било изнесено и сомнение дека случајот би можел да биде поврзан со конфликт околу дрога. Според исказ на детектив, една од верзиите што се истражува е дека 29-годишната жена била обвинета за кражба на дрога. Нејзината мајка ги отфрла ваквите обвинувања, иако потврдила дека Форчун имала проблем со зависност и се обидувала да се лекува.

Форчун била мајка на четири момчиња на возраст од една до седум години. Во периодот пред смртта немала постојан дом и престојувала кај различни познаници.

Истрагата продолжува и треба да утврди како точно починала жената, кој е одговорен за нејзината смрт и зошто нејзиното тело било поставено на местото каде што подоцна било пронајдено.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img