домаМакедонијаМинистерот Ферати и амбасадорот Сомер разговараа за инвестициите, партнерствата и развојните програми

Министерот Ферати и амбасадорот Сомер разговараа за инвестициите, партнерствата и развојните програми

- Advertisement -spot_img

Министерот Агон Ферати го прими на средба амбасадорот на Швајцарија во Северна Македонија, Кристоф Сомер, со кого разговараше за активностите на министерството и проектите од заеднички интерес. Во фокусот на средбата беа економскиот развој, како и можностите за продлабочување на соработката меѓу двете земји.

Посебно внимание беше посветено на улогата на SwissCham во поврзувањето на швајцарските компании со компаниите од Северна Македонија, создавањето партнерства и можностите за нови инвестиции, како и организирањето B2B контакти и вмрежувањето на бизнисите. Беше истакнато дека овие иницијативи, заедно со потенцијалот на дијаспората, можат да придонесат за зајакнување на економската соработка и создавање нови можности за двете земји. Се разговараше и за швајцарските развојни програми, поддршката за стартап-компаниите и можностите за обука на студентите.

Министерот Ферати му се заблагодари на амбасадорот за континуираната поддршка од страна на Швајцарија во различни области, вклучително и економијата, земјоделството, невладините организации и обуките.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img