Италијанскиот калчолигаш Милам го објави трансферот на централниот дефанзивец Санкун Дијавара. Росонерите постигнаа договор со 20-годишниот дефанзивец кој му се приклучува на гигантот од „Сан Сиро“, и тоа од екипа која се натпреварува во Лига 2 во Франција.
Дијавара во минатата сезона го носеше дресот на Троа во втората лига во Франција, а сега потпиша договор со италијанскиот гигант до 2031 година, со опција за продолжување. Ќе го носи број 13 во црвено-црниот дрес.

Претходно беше објавено дека договорот ќе биде вреден два милиони евра.
Минатата сезона, Французинот одигра 14 натпревари во Лига 2 и имаше една асистенција.






