домаМакедонијаМицкоски најави реконструкција на крај на јуни – Филков, Љутков, Ристовски се...

Мицкоски најави реконструкција на крај на јуни – Филков, Љутков, Ристовски се главни кандидати за смена

- Advertisement -spot_img

„Фокус“ веќе објави дека доколку дојде до внатрекоалициски договор за трампа на ресори, според кој ВМРО-ДПМНЕ ќе го презеде ресорот здравство од ВЛЕН, тогаш главен кандидат за нов министер за здравство е Синиша Стојаноски, актуелен директор на ГОБ „8 Септември“, кој неодамна стана дел од ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Во втората половина на јуни седнуваме со партнерите од коалицијата за да разговараме како понатаму, така што мислам дека ќе имаме формат во втората половина од јуни, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, во врска со најавите за реконструкција на Владата, додавајќи дека во моментов е фокусиран на внатрепартиските промени во ВМРО-ДПМНЕ.

Она што дефинитивно се знае е дека досегашниот вицепремиер за добро владеење Арбен Фетаи повеќе нема да биде дел од владиниот кабинет, откако тој и официјално поднесе оставка, во која вели дека во изминативе 2 години имал чест и привилегија да и служи на државата, како и дека одлуката да замине е најисправниот и најдостоинствен чекор во сегашните околности.

– Advertisements –

Покрај него, како резултат на внатрешни превирања и динамика во ВЛЕН, многу веројатно е дека со функцијата министер за труд, демографија и млади ќе се збогува Фатмир Лимани. Но, за разлика од Фетаи, упатените велат дека постојат одредени шанси Лимани да остане во владата, ротирајќи на друга позиција, поради довербата што во него ја има Мицкоски.

Инаку, „Фокус“ веќе објави дека премиерот имал најмногу забелешки кон работата на тројца министри од, условно кажано, македонскиот блок во Владата. Имено, станува збор за министерот за правда кој доаѓа од редовите на ЗНАМ, Игор Филков, како и двајца министри од ВМРО-ДПМНЕ – министерот за култура Зоран Љутков и министерот за спорт Борко Ристовски.

Воедно, обелоденивме и дека ВМРО-ДПМНЕ го пикира ресорот здравство, каде на чело моментално е Азир Алиу од ВЛЕН. Доколку дојде до внатрекоалициски договор за трампа на ресори, според кој ВМРО-ДПМНЕ ќе го презеде ресорот здравство, а ВЛЕН ќе го добие образование или друг ресор, тогаш главен кандидат за нов министер за здравство е Синиша Стојаноски, актуелен директор на ГОБ „8 Септември“, кој неодамна стана дел од ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Според добро упатени извори, иако шансите се мали, сепак, некој од споменатите министри на крајот може и да остане на моменталната функција доколку Мицкоски во последен миг одлучи да му даде уште една шанса. Во секој случај, не се предвидуваат промени во најбитните и највлијателните ресори, како МВР, МНР, финансии, транспорт…

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img