домаТехнологијаМесечината може да поддржи голем град помалку од три години

Месечината може да поддржи голем град помалку од три години

- Advertisement -spot_img

Освен што не е познато колку вода има на Месечината, засега не знаеме ниту колку лесно ќе може да се дојде до неа, а се заканува и еден вид „златна треска“.
Иако трилиони килограми вода би можеле да се кријат во ситни стаклени топчиња расфрлани по површината на Месечината, научниците проценуваат дека тоа нема да биде доволно за долгорочно снабдување на голем град, се наведува во студијата објавена во списанието Frontiers in Space Technologies.

Земајќи една милијарда тони вода како великодушна проценка, истражувачите пресметале колку долго популации со различна големина би можеле да опстојат користејќи ја таа вода за пиење, хигиена, одгледување храна, ракетно гориво и дишење. Утврдиле дека популација од еден милион луѓе – приближно колку што има жители главниот град на Шведска, Стокхолм – би ги потрошила тие резерви на вода за помалку од две и пол години.

Ако водата ефикасно се рециклира – на пример, со стапка на поврат на водата од 98 проценти, каква што постигнува Меѓународната вселенска станица – водата на Месечината би му била доволна на град со еден милион жители за 100 години. Тоа, меѓу другото, би подразбирало постојано користење прилично сомнителни тоалети и откажување од перење алишта, што веројатно не е одржливо на подолг рок.

Помал град со околу 100.000 жители би можел да опстане 1.000 години, додека за град со 10.000 жители резервите би траеле 10.000 години. Тоа би било доволно, според проценката на истражувачите, за да се најде алтернативно решение.

Во Сончевиот систем постојат и други потенцијални извори, како што се астероидниот појас и месечините на Сатурн. Затоа, жителите на Месечината можеби би можеле да увезуваат вода во количини потребни за одржување на голем број жители. Но, за тоа ќе ни биде потребна технологија многу понапредна од денешната.

Месечева населба со 1.000 жители – приближно колку што има луѓе кои престојуваат на Антарктикот во текот на зимата – би можела релативно безгрижно да ја користи водата од Месечината. На краток рок, на половите веројатно има доволно вода за снабдување на истражувачки станици од помал обем.

Ќе биде важно и темелно да ја истражиме пред да почнеме да ја трошиме. Мразот на Месечината се наталожувал милијарди години од нејзиното настанување. Поради тоа, тој содржи хемиски и физички запис за средината во која Земјата постоела во тоа време и која довела до развојот на животот на Земјата.

Истражувањето се потпира на проценката на Светската банка според која за исхрана на едно лице во текот на еден ден се потребни од две до пет тони вода, односно од 2.000 до 5.000 литри. Начините за намалување на потрошувачката на вода би можеле да вклучуваат преминување на веганска исхрана, бидејќи за производство на говедско месо се троши шестпати повеќе вода отколку за соја, а за пилешко месо двојно повеќе.

Освен што не е познато колку вода има на Месечината, засега не знаеме ниту колку лесно ќе може да се дојде до неа. Многу студените кратери би можеле да имаат висок удел на вода, што би можело да го олесни нејзиното извлекување. Но, на голем дел од подрачјето на Јужниот Пол водата би можела да се наоѓа само во траги во карпите, до што ќе биде многу потешко да се дојде. Исто така, веројатно содржи коктел од токсични хемикалии што ќе мора да бидат отстранети.

Според проценките на истражувачите, осумте најголеми кратери на Месечината содржат околу 34 милиони тони вода. Бидејќи постојат малку локации за истражување, можно е да дојде до еден вид „златна треска“, во која државите што можат да учествуваат во тоа ќе се обидат да ги заземат најдобрите позиции.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img