домаМакедонијаРадовишанец се јавил во странска амбасада и им се заканувал на вработените,...

Радовишанец се јавил во странска амбасада и им се заканувал на вработените, испратен на психијатриско посматрање

- Advertisement -spot_img

37-годишен жител на Радовиш е кривично пријавен откако телефонски упатувал сериозни закани кон вработени во амбасада на странска држава во Македонија. По неговото приведување, судот донел решение да биде упатен на психијатриско посматрање.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 4 ноември годинава, Ѓ.Н. (37) телефонски се јавил во амбасадата и на странски јазик упатил закани кон вработените, со што ја загрозил нивната сигурност.

Случајот бил пријавен во полиција следниот ден, на 5 ноември, по што полициски службеници го пронашле и го лишиле од слобода. Како што информира МВР, при службениот разговор тој го признал делото.

СВР Струмица, преку ОВР Радовиш, поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица поради сомнение за сторено кривично дело „загрозување лица под меѓународна заштита“, согласно член 420 став 4 од Кривичниот законик.

По поднесувањето на пријавата, на предлог на јавен обвинител, судија од Основниот суд Струмица донел решение 37-годишникот да биде упатен на психијатриско посматрање во соодветна здравствена установа.

Од МВР не е прецизирано за амбасадата на која странска држава станува збор.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img