домаСветМерц предложил на Украина да ѝ се даде активна улога во структурите...

Мерц предложил на Украина да ѝ се даде активна улога во структурите на Европската Унија

- Advertisement -spot_img

Германскиот канцелар Фридрих Мерц предложил на Украина да ѝ се даде активна улога во структурите на Европската Унија како привремен чекор кон полноправно членство, што, како што кажа, би помогнало да се олесни постигнувањето договор за завршување на војната со Русија.

Во писмо до лидерите на ЕУ, Мерц предлага на Украина да ѝ се додели нов статус на придружна членка, што би им овозможило на украинските функционери да учествуваат на самити на ЕУ и на министерски состаноци, но без право на глас. Германскиот лидер, исто така, предложил членките на ЕУ да преземат политичка обврска да ја применат клаузулата за заемна помош на блокот кон Украина „со цел да се создаде значителна безбедносна гаранција“.

Европските претставници велат дека е нереално Украина да добие полноправно членство во следните неколку години, иако 2027 беше наведена во мировниот план од 20 точки дискутиран помеѓу САД, Украина и Русија.

Предлогот на Мерц претставува обид да се најде среден пат помеѓу брзото пристапување и моменталниот статус на Украина како земја-кандидатка на почеток на процесот.

„Мојот предлог ја одразува специфичната ситуација на Украина како земја во војна. Тој ќе помогне во олеснувањето на тековните мировни преговори и ова е суштинско не само за безбедноста на Украина, туку и за безбедноста на целиот континент“, напишал Мерц во писмото.

Тој рече дека предлогот нема да влијае на другите земји-кандидатки и побара блокот да разгледа иновативни решенија за оние кои долго време работат на пристапување кон ЕУ.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img