домаМакедонијаМеџити: Финализирана е реконструкцијата на водоводот и канализацијата во населбата Саат Кула

Меџити: Финализирана е реконструкцијата на водоводот и канализацијата во населбата Саат Кула

- Advertisement -spot_img

Во населбата Саат Кула привршува реализацијата на еден од најзначајните инфраструктурни проекти – реконструкцијата на водоводната мрежа, фекалната и атмосферската канализација, соопшти градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на ВЛЕН, Изет Меџити.

Според Меџити, со инвестицијата ќе се обезбеди поквалитетно снабдување со вода за пиење, пофункционален канализациски систем и подобри услови за живот на жителите.

Тој информира дека градежните работи на водоводната мрежа се во завршна фаза, а следен чекор ќе биде асфалтирањето на улиците каде што биле извршени инфраструктурните зафати.

„Станува збор за инвестиција вредна над 59,8 милиони денари, со која се создава модерна и поефикасна инфраструктура за жителите на Саат Кула“, истакна Меџити.

Тој додаде дека локалната самоуправа продолжува со реализација на проекти во сите населби на Чаир, со цел подобрување на комуналната инфраструктура и квалитетот на живот на граѓаните.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img