домаМакедонијаМеџити: Чаир воспоставува стратешко партнерство со истанбулската општина Каѓитхане

Меџити: Чаир воспоставува стратешко партнерство со истанбулската општина Каѓитхане

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, оствари средба со градоначалникот на општина Каѓитхане од Истанбул, Мевлут Өзтекин, кој беше придружуван од двајца заменици и советници.


На средбата се разговараше за продлабочување на меѓуопштинската соработка, размена на институционални искуства и реализација на заеднички проекти, со посебен фокус на партнерства со граѓанскиот сектор.


Меџити истакна дека Каѓитхане е една од најдинамичните и стратешки важни општини во Истанбул и дека ваквата соработка претставува значаен чекор за урбаниот, културниот и локалниот развој на Чаир.


Двете страни ја нагласиле важноста на иницијативите насочени кон младите, културата и локалниот развој, при што средбата поминала во конструктивна атмосфера и со заложба за конкретни проекти кои ќе донесат видливи резултати за двете општини.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img