HomeМакедонијаМеџити со честитка за Денот на наставниците: Инвестираме во подобро образование во...

Меџити со честитка за Денот на наставниците: Инвестираме во подобро образование во Чаир

- Advertisement -spot_img

По повод 7 Март – Денот на учителот, градоначалникот на Општина Чаир Изет Меџити упати честитка до наставниците, нагласувајќи ја клучната улога на образованието во развојот на општеството.
Тој истакна дека образованието отсекогаш било темел врз кој се градат силни општества, а училиштето и учителот имаат посебно место во историјата и развојот на заедницата.


„Историјата покажува дека образованието секогаш било столбот врз кој се градат силни општества. Во најтешките времиња токму училиштето и наставниците го зачувале нашиот јазик, знаење и свест“, посочи Меџити.


Според него, наставниците и училиштата и денес остануваат меѓу најважните столбови на општеството и државата, поради што образованието е еден од главните приоритети на Општина Чаир
Меџити нагласи дека општината инвестира во подобрување на образовната инфраструктура преку опремување на училиштата, реконструкција на постојните објекти и создавање нови лаборатории и спортски терени.


Паралелно, во тек е изградба на две нови модерни училишта – „Митхат Фрашери“ и „Виктори“, кои треба да помогнат во намалување на пренатрупаноста во училиштата и значително да ги подобрат условите за учениците и наставниците.


Во рамки на инвестициите во образованието, општината работи и на развој на спортската инфраструктура.
Меџити потсети дека минатата недела беше поставен камен-темелник на професионален базен во училиштето „7 Марси“, проект вреден повеќе од 1 милион евра.
Според него, базенот ќе создаде нови можности за спорт и физичко образование за младите во Чаир.


По повод празникот, беа оддадени признанија и на наставници кои заминуваат во пензија, при што им беше изразена благодарност за нивната долгогодишна посветеност и придонес во образованието.


Меџити порача дека општината ќе продолжи да инвестира во образованието, со цел секој наставник да има добри услови за работа, а секој ученик можност да учи, да се развива и да ги оствари своите соништа.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img