Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, одржа средба со претставници на 30 невладини организации кои секојдневно работат на терен, во директен контакт со граѓаните и нивните реални проблеми.

Меџити истакна дека овие организации се „гласот на заедницата“, најблиските партнери во локалниот развој и клучен дел од демократскиот механизам што обезбедува транспарентност и одговорност во работењето на институциите.

„Овие луѓе се секој ден на терен, со граѓаните, меѓу нивните вистински потреби. Тие не се само набљудувачи, туку активни учесници во создавањето на подобра иднина. Заедно со нив, градиме политики што произлегуваат од секојдневната реалност на граѓаните, а не од дистанца – токму таму, каде што започнува секоја вистинска промена“, рече Меџити.

Тој нагласи дека оваа соработка претставува гаранција дека секоја одлука, проект или инвестиција ќе има само една цел – да му служи на граѓанинот.

„Само преку партнерство меѓу институциите и граѓанскиот сектор можеме да изградиме општество кое ќе биде посправедливо, пофункционално и поблиску до луѓето,“ додаде тој.
Меџити ја заврши средбата со порака дека Чаир ќе остане пример за отвореност, дијалог и соработка меѓу локалната власт и граѓанските организации, како пат кон вистинска промена на терен.






