Нов марш за ангелите во Кочани. Од Здружението на граѓани „16-ти март 2025“ велат дека денешниот протестен марш ќе биде поддршка за неправедно тужените млади сограѓани.
Протестот ќе почне од паркот на револуцијата.
„Доминантниот граѓански став е дека токму причините за трагедијата и институционалните пропусти мора да бидат во центарот на истрагата, а не младите кои беа директни жртви на таа небезбедност“, велат од здружението 16-ти март.








