12.8 C
Skopje
6 March, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонија„Марш на ангелите“ денеска во Кочани

„Марш на ангелите“ денеска во Кочани

- Advertisement -spot_img

Денеска ќе се одржи „Маршот на ангелите“ од каде организаторите, родителите на загинатите деца, упатуваат апел до сите граѓани кои веруваат во правдата, солидарноста и човечноста да се приклучат на традиционалната акција.

Маршот ќе започне во 14:05 часот од Паркот на револуцијата во Кочани со порака да се чекори „со љубов, со болка и со достоинство – во име на оние кои повеќе не можат да чекорат“.

Организаторите подвлекуваат дека овој настан не е протест, туку мирен збор против неправдата. Целта е да се даде поддршка за правично судење и да се потсети дека зад секој број и секој судски предмет стојат човечки животи, семејства и болка која не избледува.

,,Нашата порака е јасна и искрена: За нашите деца. За вистинска правда. За Македонија со совест“, наведуваат тие, додавајќи дека општеството мора да покаже дека не молчи пред системските пропусти.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img