9.8 C
Skopje
8 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаМанасиевски: СДС е трета партија на политичката сцена во Македонија, дебакл на...

Манасиевски: СДС е трета партија на политичката сцена во Македонија, дебакл на политиките на Филипче и Заев

- Advertisement -spot_img

Македонија направи вистински избор на локалните избори, граѓаните ги препознаа чесните и искрените намери на ВМРО-ДПМНЕ да ја изгради државата повторно од темелите на промените, истакна на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Освојувајќи 54 општини на територија на Република Македонија и градот Скопје, ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие локални избори. Историски промени и победи имаме во Кичево, Карпош и Струмица, издвојувавме големи победи и во Валандово, Дојран, Брвеница, Берово, Делчево, Демир Капија и Крушево, Пробиштип, Росоман, Старо Нагоричане и Чучер Сандево. Во останатите општини кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ убедливо победија, а победа имаме и на Орце Ѓорѓиевски во градот Скопје.

СДС на овие избори доживеа огромен дебакл. Освојувајќи само 6 општини, околу 126 илјади гласови и околу 230 советника, СДС е трета партија во државата позади нашиот владин коалициски партнер, партијата ВРЕДИ. СДС на ова ниво, никогаш не биле“.

Граѓаните, вели тој, јасно кажале дека се против политиките на Филипче и неговиот ментор Заев, ко, според него, сеуште ги држи конците во СДС.

„Наместо да се оградат и дистанцираат од Зоран Заев, Филипче и раководството на СДС, продолжуваат да го величат ликот и делото на Зоран Заев, човекот кој ја распродаде и уништи Македонија.

Потребни се итни промени во раководството на СДС. На Македонија и на ВМРО-ДПМНЕ им е потребна силна опозиција. Потребен ни е коректор на политиките, луѓе со кредибилитет и аргументирана критика. Филипче и СДС во моментов се во политички нокдаун, и време е Филипче да си замине од СДС и од политикат“.

На Македонија и е потребна вистинска опозиција, посочи Манасиевски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img