HomeМакедонијаМанасиевски: Кацарска по насока на СДС бара укинување на 7000 денари на...

Манасиевски: Кацарска по насока на СДС бара укинување на 7000 денари на пензионерите

- Advertisement -spot_img

Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ на партиска прес-конференција обвини дека уставната судијка Добрила Кацарска која е позната по своите одлуки во корист на неправдата, по насока на СДС бара укинување на 7000 денари на пензионерите.

„Судијката Кацарска која досуди 200 години за 27 април и како за награда од СДС, преку ноќ стана уставен судија, го загуби својот кредибилитет пред народот. Наместо да ја врати довербата и да покаже независност, таа продолжи и натаму да одработува за СДС и по нивна насока поднесе предмет до Уставниот суд за укинување на 7000 денари за пензионерите.

Граѓаните веќе јасно можат да ја увидат дволичноста на контаминираното судство на СДС, со примери како Добрила Кацарска, луѓе кои без срам наместо да работат во интерес на граѓаните, тие да можат ќе им ги ускратат нивните законски права.

Судството кое сеуште е под диктат на СДС, од една страна бара зголемување на нивните плати со 2% доверба, а од друга страна сака да им одземе на пензионерите добар дел од нивните пензии. Чест на исклучоци, секако, овие судии и обвинители како Добрила Кацарска, се само мал дел од овој корумпиран судски систем.

Затоа, како ВМРО-ДПМНЕ бараме реформи во судството и во обвинителството, за овие чесни исклучоци и луѓе кои си ја вршат работата законски и чесно, да дојдат до израз, а не луѓе како Добрила Кацарска да владеат со нашето правосудството.“, истакна Манасиевски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img