Груевски за Унгарија не избегал од дома, туку од Охрид, поточно од хотелот „Ројал вју“ лоциран на самиот брег на Охридското Езеро околу 02.40 часот по полноќ, на 10-ти ноември 2018 година.
Ова го открива познатиот спортист и екс менаџер во хотелот Александар Маленко кој во гостување во поткастот „На кавга со Иван“ вели дека тој самиот ја отворил гаражата за да излезе Груевски со „пасатот“ кој го управувал шофер а во колата биле и луѓе од неговото лично обезбедување. Според тврдењата на Маленко, неговото семејство останало и го продолжило престојот во хотелот.
-Се враќаше со забрзан од, му велам каде Г-дине Премиер, тој ми вели малце да поработам, имам нешто работа. Тоа беше 9-ти на 10 ти ноември, и во еден момент, во 02.40 се отвори гаражата. Тоа е на 10-ти утрината. 02:37 или 2.40. Може ли гаражата да се отвори ако хотелот не ја отвори? Јас ја отворив. Кој ти кажа да ја отвориш? Неговото опкружување (обезбедување) како гости на хотелот побараа дека сакаат да излезат и излегоа.- Александар Маленко („На кавга со Иван“).
Според Маленко, во хотелот Груевски дошол со семејството и придружба, три дена претходно со две возила, лично обезбеднување, но и возило со службеници од шеста управа при МВР. Од седми ноќта, по протокол пред да пристигне бил најавен престојот на ВИП гостинот, без да се сподели за кого станува збор како што предвидуваат безбедносните правила за високи функционери.
-Седми ноември, ова е период од 8-ми до 10 навечер. Груевски доаѓа на 7-ми навечер, кон 8-ми во хотелот. После полноќ, бидејќи беа најавени во 23.00 ама пристигнаа после дванаесет. Најавени биле? Значи не бил сам? Како сам, беа два автомобила, од кои едниот беше на МВР, му следуваше нели обезбедување и следење, нели шестаа управа. И неговиот приватен автомобил со шофер и обезбедување. Беше со сопругата и неговите ќеркички. Јас ги пречекав во гаража, беше се подготвено бидејќи беше најавено од МВР.,-Александар Маленко („На кавга со Иван“).
Груевски избега во Будмипштешта под неразјаснети околности, со образложение дека ќе му била загрозена безбедноста во затвор… иако формално беше отворена истрага, нкој не сносеше одговорност за бегството, а единствените официјални информации беа од земјите од соседството кои објаснија дека поминал преку Албанија, Црна Гора, Србија со привремена дозвола од Унгарија.
Во последните неколку месеци по политичките промени во Унгарија повторно се актуализираше можноста за негова екстрадиција, но во меѓувреме беше објавено дека тој поседува и држајанство на Унгарија од 2022 година.








