Италијанец кој живее во Македонија вели дека уште од првиот ден ја почувствувал топлината и гостопримството на народот. Морено Зела е заменик шеф на мисијата во Амбасадата на Италија во Македонија. Зела вели дека Македонија е топла земја, земја со искрени луѓе и неверојатна природа што остава силен впечаток кај секој странец. Особено му се допаѓаат Охрид, Матка, Маврово и Берово, места кои секогаш ги покажува на своите пријатели кога доаѓаат на посета.
„Да, дојдов овде минатиот септемри и почнав да работам овде. Така да ова ми е прва година во Македонија и многу сум среќен за тоа. Да, да, навистина ми се допаѓа балканскиот стил. Даа, многу се гостопримливи, топла држава е, можеш да го пучувствуваш сонцето, да ги почувствуваш луѓето, македонското знаме исто така има и сонце, што е симболично за вас. Не, сакам да уживам, да ги истражам не само Македонија туку и околните држави. Така да е многу добро искуство за мене. Да, многу другари доваѓаат да ме посетат од време на време, јас ги угостувам, ги шетам за да им го покажам градот, државата, имате многу убави пејзажи, езера, Охрид, Матка, Маврово, Берово. Многу ми се допаѓа овдешната храна, особено во овој период, многу добри домати, ајвар, најдобар ајвар во регионот.“- Морено Зела
Македонската храна ја опишува како една од највкусните на Балканот, а ајварот го нарекува вистинско богатство. Тој вели дека животот во Македонија за него не е само работа и престој, туку и неверојатно искуство
Вели дека токму луѓето, природата и начинот на живот се причината поради која оваа земја прави да има посебно место во неговото срце.








