домаСпортМакедонија се пласираше на Светско првенство

Македонија се пласираше на Светско првенство

- Advertisement -spot_img

Македонската ракометна репрезентација избори учество на уште едно Светско првенство откако и во реваншот од баражот ја совлада Словачка со убедливи 38:23. Во прекрасна атмосфера во исполнетата сала во СЦ „Борис Трајковски“ македонските ракометари играат пред сè за македонските фанови.

Македонските ракометари бодрени од македонските фанови по десет минути игра водеа со пет разлика (7:2). По водството од 9:3 словачкиот селектор побара тајм аут во 12.минута, но ништо не се промени и македонските ракометари поведоа и со 12:4. По 20.минути игра Словачка направи серија од 3-0 и намали на 13:8. На полувреме беше 18:11.

И вториот дел македонските ракометари го почнаа во ист ритам и во 35.минута за првпат поведоа со 23:13. Сигурната игра продолжи и до крајот на натпреварот, а најефикасен во нашиот тим беше капитенот Филип Кузмановски со 11 голови.

Првиот дуел одигран во Прешов заврши во корист на македонската репрезентација со 31:24.

Пласман на СП 2027 во Германија преку баражот изборија: Норвешка, Фарски острови, Шпанија, Грција, Полска, Франција, Словенија, Србија и Италија.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img