домаСветТигар избега од приватен имот во Лајпциг и нападна човек – полицијата...

Тигар избега од приватен имот во Лајпциг и нападна човек – полицијата го уби животното

- Advertisement -spot_img

Тигар кој избегал од приватен имот во близина на Лајпциг нападнал и повредил едно лице, по што полицијата го убила.

Инцидентот се случил денес, а животното ѝ припаѓало на познатата тренерка Кармен Зандер, како што објави весникот „Билд“.

Според полициското соопштение, тигарот избегал од приватен ограден простор во Шкеудиц, западно од Лајпциг, пред да биде убиен во блиските градини.

Нападнатиот маж претрпел полесни повреди, но сепак бил префрлен во болница.

Портпаролката потврди дека нема други тигри на слобода.

Сопственичката Кармен Зандер, наречена „Кралица на тигрите“, веќе се соочувала со правни проблеми поради начинот на кој се грижела за животните, објави неделникот „Цајт“.

Меѓу другото, таа наводно организирала претстава со тигри без соодветно одобрение, што довело до истрага од страна на државното обвинителство во Лајпциг.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img