домаМакедонијаМакедонија прва во регионот, Скопје најбрзо расте од сите екс-ју аеродроми

Македонија прва во регионот, Скопје најбрзо расте од сите екс-ју аеродроми

- Advertisement -spot_img

Додека другите аеродроми од поранешна Југославија се борат да го фатат чекорот, македонските аеродроми со кои стопанисува ТАВ Македонија, газат напред и бележат најбрз раст во регионот. Според анализата на порталот „Екс-ју авиејшн“, токму Македонија е лидер меѓу сите пазари од поранешна Југославија, со најголем скок на бројот на патници во првите пет месеци од годинава. Македонските аеродроми додале дури 375.766 нови патници во споредба со истиот период лани.

Најголемата заслуга оди кај скопскиот аеродром кој е прогласен за најбрзорастечки меѓу сите комерцијални аеродроми во поранешна Југославија, со дополнителни 360.589 патници во однос на минатата година. Само во мај, Скопје опслужил 355.929 патници, што е раст од цели 28,6 проценти. Главниот двигател за овој резултат е големата експанзија на нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“, која отвори нови линии и им даде поголем избор на патниците.

И охридскиот аеродром не заостанува. Заедно, двата македонски аеродроми во првата половина од годината превезоа речиси два милиони патници, а очекувањата се дека годинава ќе ја завршат со над 3,5 милиони патници. Според најавите, наскоро бројката би можела да стигне и до четири милиони патници годишно.

Од Министерството за транспорт велат дека резултатите се плод на новите авиолинии и политиките за развој на воздушниот сообраќај. Со отворањето на 28 нови линии, македонските аеродроми се искачија меѓу најбрзорастечките во регионот. Во периодот јануари-јуни, скопскиот и охридскиот аеродром заедно опслужиле 1.955.648 патници, што е раст од 28 проценти во споредба со истиот период минатата година. Реализирани се и 13.167 летови, односно 7,6 проценти повеќе од лани.

На екс-ју листата, Белград и понатаму останува најфреквентен аеродром по вкупен број патници, но Македонија го има најсилниот раст. Српскиот аеродром додал 255.376 патници во периодот јануари-мај, но се соочил и со одредени проблеми поради намалени услуги од дел од авиокомпаниите. Од друга страна, Приштина по неколку години силен раст почна да бележи пад, додека дел од хрватските крајбрежни аеродроми се соочија со проблеми поради прекини на дел од домашните линии.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img