Лоши вести од Штип. Утринава и официјално ФК Брегалница информираше дека Давид Калпачки се здобил со тешка повреда и дека ќе биде надвор од стројот подолго време. Станува збор за кинење на предните вкрстени лигаменти на коленото, тоа е најтешка повреда во фудбалот и јасно е дека за него оваа сезона е завршена.
Секако дека ова е ужасна вест за стратегот на Брегалница, Никола Кузманов.
Колку за потсетување, штипските “сини“ попладнево од 17 часот, во меч од 5.коло во ПМФЛ, гостуваат кај Струга ТЛ.






