ФОТО:facebook.com/DFBTeamEN
По еден ден пауза, вечерва со осум натпревари продолжуваат возбудувањата во Лигата на Нации. На програмата се осум меча а секако дека во преден план се дуелите во А Лигата на Нации.
На „Алијанц Арената“ во Минхен се среќаваат Германија и Србија, селекции кои по првите две кола не успеале да победат. Јирген Клоп против Србите се надева на својата прва победа како селектор на “Панцерите“. Супер интересно ќе биде во Солун каде Грција, која има “два од два“ и тоа на гости, ја пречекува Холандија. Португалија во Копенхаген без Роналдо гостува кај Данска, а играат и Велс и Норвешка.
Во Б Лигата на Нации се среќаваат Р.Ирска – Австрија и Израел – Косово, додека во Ц Лигата на Нации играат Азербејџан – Лихтенштајн и Малта – Гибралтар.
https://www.facebook.com/share/p/1CHUoXUD3Y
ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА
А ЛИГА НА НАЦИИ – 20.45 Ч
Данска – Португалија
Грција – Холандија
Германија – Србија
Велс – Норвешка
Б ЛИГА НА НАЦИИ – 20.45 Ч
Р.Ирска – Австрија
Израел – Косово
Ц ЛИГА НА НАЦИИ
Азербејџан – Лихтенштајн (18 ч)
Малта – Гибралтар (20.45 ч)






