Во Скопје е пријавено исчезнување на 86-годишна жена, по која полицијата презема мерки за пронаоѓање.
Според информациите од МВР, на 30 септември 2026 година во 22:00 часот во СВР Скопје, 76-годишниот Д.Р. од Скопје пријавил дека неговата тетка М.В. (86) се оддалечила од семејниот дом.
Жената живеела на подрачјето на Општина Аеродром во Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за нејзино пронаоѓање.






