домаМакедонијаКривични пријави за две малолетнички по насилството во Аеродром: терале девојче да...

Кривични пријави за две малолетнички по насилството во Аеродром: терале девојче да клечи пред нив додека ја тепале, а други снимале

- Advertisement -spot_img

Полицијата ќе поднесе кривични пријави против две малолетнички по насилството врз девојче во Аеродром. Откако во јавноста беше објавено видео од насилство врз девојче, во полициска станица извршен е разговор со две малолетнички и нивните родители, соопшти МВР.

Вчера, 1 јули, во 19:30 часот во СВР Скопје 31-годишна жена пријавила дека претходниот ден, на 30 јуни околу 22:00 часот во парк на подрачјето на општина Аеродром нејзината 12-годишна ќерка била физички нападната од 14-годишна малолетничка која била заедно со нејзина другарка и кои претходно ја натерале во два наврати да клекне на колена и да се извинува.

Потоа откако тргнала да си оди била физички нападната од друга малолетничка, а целиот чин бил снимен со мобилен телефон од повеќе малолетници кои биле присутни, а едниот од нив го познавала.

Истиот ден во полициска станица бил извршен службен разговор со две малолетнички во присуство на нивните родители.

Од МВР велат дека за случајот е известен јавен обвинител за малолетници и Меѓуопштинскиот центар за социјална работа.

Во врска со настанот се преземаат активности за утврдување на идентитетот и на други инволвирани малолетни лица за целосно расчистување на случајот по што ќе бидат поднесени кривични пријави за сторено кривично дело „насилство“ и „запуштање и малтретирање на малолетно лице“.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img