HomeШоубизКрадци украле куфери со 2 милиони евра: Филмски грабеж во еден од...

Крадци украле куфери со 2 милиони евра: Филмски грабеж во еден од најбезбедните градови во светот

- Advertisement -spot_img

Тројца мажи украле куфери со повеќе од 2 милиони евра во готово на прометна улица во центарот на Токио, објавија денес полицијата и медиумите, што е редок инцидент во јапонската престолнина, позната по својата безбедност, пренесува Прототема.
Напаѓачите при грабежот, кој се случил вчера во близина на станицата Уено, популарна туристичка област, употребиле солзавец, изјави за АФП, портпарол на полицијата во Токио.

Портпаролот одбил да даде дополнителни детали, но локалните медиуми објавија дека жртвите на кражбата биле група од пет кинески и јапонски државјани, кои се обидувале да натоварат куфери со 2,3 милиони евра (420 милиони јени) во возилото.

Според Фуџи ТВ, жртвите им кажале на полицајците дека парите биле наменети за менувачници.

Во одделен инцидент, маж кој носел околу 1 милион евра (190 милиони јени) во готово бил нападнат со солзавец од тројца мажи на паркингот на аеродромот Токио-Ханеда синоќа, според јапонските медиуми.

Според телевизиската мрежа TBS, полицијата истражува можна поврзаност меѓу двата напада.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img