Косовски државјанин е приведен на граничниот премин Долно Блаце при обид да влезе во Македонија, откако при пасошка контрола било утврдено дека по него е распишана меѓународна потерница.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 16 јуни околу 17:00 часот полициски службеници го лишиле од слобода 45-годишниот А.Р. од Косово.
При проверка во оперативната евиденција било констатирано дека лицето е евидентирано со мерка „Апси“ по барање на Секторот за меѓународна полициска соработка – Интерпол.
По приведувањето, косовскиот државјанин бил предаден на полициските службеници од Полициското одделение Мирковци, каде ќе се преземат понатамошните законски мерки и постапки.








