домаРегионКос: „Супер вторник“ за проширување, ЕУ одржува четири конференции

Кос: „Супер вторник“ за проширување, ЕУ одржува четири конференции

- Advertisement -spot_img

Европската комесарка за проширување Марта Кос изјави дека Европската Унија денес одржува четири меѓувладини конференции за пристапување, сите во еден ден, што е прв таков случај по повеќе од две децении.

На платформата на Икс, Кос го нарече овој ден „Супер вторник“ за проширување на ЕУ, наведувајќи дека четири клучни кандидати за членство – Украина, Молдавија, Албанија и Црна Гора остваруваат значителен напредок во процесот на пристапување кон Унијата.

Според неа, со Украина и Молдавија ќе биде отворен Кластер 6, кој вклучува области како што се надворешната, безбедносната и одбранбената политика, и за кои, како што изјави, постои силен аргумент во корист на нивното идно членство во ЕУ.

Таа рече дека Албанија ќе ги затвори првите поглавја од преговорите, додека Црна Гора е во последната фаза од формалните преговори, откако досега привремено затвори 18 од вкупно 33 поглавја од преговорите, пренесува Танјуг.

Кос истакна дека политичкиот замаец мора да се претвори во „конкретни резултати на терен“.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img