домаМакедонијаКос порача дека Македонија има свое место во ЕУ: „Проширувањето на ЕУ...

Кос порача дека Македонија има свое место во ЕУ: „Проширувањето на ЕУ не се базира на однапред добиени гаранции“

- Advertisement -spot_img

Јасни пораки од еврокомесарката за проширување Марта Кос дека Македонија е земја која бележи сериозен напредок во реформите и затоа е во групата земји кандидати кои добиваат повеќе средства од Планот за раст. Таа истакна дека како полноправна членка земјава ќе добива многу повеќе средства, дека Македонија има место во Европската унија, но не заборави да порача дека за тоа е потребно усвојување на уставните измени. Сепак го отфрли она што премиерот Мицкоски постојано го повторува како барање дека уставните измени ќе бидат усвоени доколку претходно добие гаранции дека нема да има нови барања и блокирања од страна на Бугарија.

„Усвојувањето на договорените уставни измени останува неопходниот следен чекор кон формалното започнување на преговорите за пристапување. Затоа јас уште еднаш ја охрабрувам Владата да го иницира процесот за наскоро да ги донесе измените на Уставот. Имате место во Европската унија како полноправна ЕУ земја членка. Проширувањето на ЕУ не е изградено на гаранции кои што се даваат однапред туку се гради врз доверба, обврски, посветеност, нивно исполнување и работа“, порача Марта Кос.

Премиерот Мицкоски рече дека очекува европската интеграција да стане процес кој се темели на јасни критериуми, на вредности и на исполнување на реформската агенда, а не процес кој ќе биде оптоварен со билатерални прашања. Тој притоа истакна дека реформите во земјава се далеку поголеми од она што се прикажува.

„Јас сум убеден дека ние како Влада сме вистински фронтранери кога станува збор за квалитетот на испораката и брзината на испораката, посветеноста и работата и во таа насока ќе продолжиме да работиме, за нас нема во моментот никаква друга опција ниту план Б, за нас единствена опција е членство во рамките на Европската унија и посветеност во делот на испораката на реформите“, вели Христијан Мицкоски.

Во однос на Изборниот законик Кос порача дека очекува партиите да постигнат согласност и во овој кус период до средината на месецов Собранието да ги изгласа законските измени, со што Македонија би можела да добие дополнителни 4 милиони евра европски пари. Со оглед на тоа што исполнивте 90 проценти од реформите, ги повикувам сите страни да обезбедиме 100-процентен успех со усвојувањето на Изборниот законик, истакна еврокомесарката Кос.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img