Вчера во 10:30 часот во СВР Скопје, 49-годишниот Н.Н. од Скопје пријави дека на подрачјето на Бит Пазар во автобус, додека извршувал работни задачи како контролор на ЈСП, бил физички нападнат од 50-годишната Д.Ц. откако претходно констатирал дека немала платено билет за превоз.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.








