домаМакедонијаЗападно нилска треска во Македонија – осум заболени

Западно нилска треска во Македонија – осум заболени

- Advertisement -spot_img

Осум случаи на западно нилска треска се регистрирани во Скопје и Велес од почетокот на годината, што е највисока бројка во последната деценија.

На Инфективната клиника во Скопје се хоспитализирани петмина пациенти над 60-годишна возраст, од кои еден 76-годишен маж е во тешка состојба на респираторна поддршка.

Според епидемиолошките анкети, само двајца од заболените патувале во Грција, додека останатите се заразиле во земјава.

Директорот на Клиниката за инфективни болести, д-р Фадил Цана, соопшти дека кај тројца од хоспитализираните пациенти е дијагностицирано воспаление на мозокот и мозочните обвивки. За нив се чекаат финални лабораториски резултати од Институтот за јавно здравје за потврда на инфекцијата на централниот нервен систем со вирусот.

Цана објасни дека кај дел од инфицираните болеста минува со лесна клиничка слика или асимптоматски.

По зголемувањето на бројот на заразени, заседаваше Комисијата за заштита од заразни болести.

Министерот за здравство Сашо Клековски изјави дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат добил насока да ги преконтролира фазите на дезинсекција во сите општини.

Западнонилската треска се пренесува исклучиво преку убод од заразен комарец и не се пренесува од човек на човек, со исклучок на трансфузија на крв или трансплантација на органи.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img