домаМакедонија„Комуналец“ и еко активистите од „Мој Прилеп“ спроведоа акција за чистење на...

„Комуналец“ и еко активистите од „Мој Прилеп“ спроведоа акција за чистење на дворот на „Орде Чопела“

- Advertisement -spot_img

Прилеп денес доби уште една почиста јавна површина, откако комуналните работници од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, заедно со еко активистите од здружението „Мој Прилеп“, реализираа акција за финално чистење на дворот на Ученичкиот дом „Орде Чопела“.

Во рамки на акцијата беа отстранети трње, шипки, искосена трева и поголеми количини отпад што подолг период биле наталожени и исфрлани од несовесни граѓани. Собраниот отпад со механизација и човечки ресурси беше транспортиран до депонијата во Алинци.

Од ЈКП „Комуналец“ информираат дека соработката со еко активистите ќе продолжи и во наредниот период преку заеднички акции за чистење на површини кои не се во директна надлежност на претпријатието, но се од значење за граѓаните и за подобрување на изгледот на градот.

Еко активистите изразија подготвеност да помогнат и во уредувањето на јавни површини во текот на летниот период, кога јавното претпријатие се соочува со недостиг на работна сила поради користење боледувања и заминување на вработени на поатрактивни работни места.

По завршувањето на акцијата, дворот на Ученичкиот дом е целосно исчистен, а организаторите упатија порака до граѓаните за заедничка грижа за животната средина и одржување на чистотата.

„Чисто е убаво“, порачуваат од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img