Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
од 09.30 до 14.00 часот, корисниците од селата: Рашче, Копаница и Бојане, каптажата Рашче, како и дел од корисниците од село Кондово, општина Сарај;
од 11.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Рилски Конгрес од бр. 2 до бр. 8, како и корисниците од улицата Ѓорѓи Скрижевски лоцирани на потегот од раскрсница со улицата Христо Чернопеев до раскрсница со улицата Рилски Конгрес, општина Центар.








