домаСпортКочани сезоната ја отвара против шампионот Скопје, Каменица Саса против Љуботен во...

Кочани сезоната ја отвара против шампионот Скопје, Каменица Саса против Љуботен во гости

- Advertisement -spot_img

Познат е распоредот за новата сезона во Првата женска фудбалска лига, откако беше извлечена ждрепката во „Куќата на фудбалот“.

Актуелниот шампион Скопје одбраната на титулата ја започнува на домашен терен против Кочани, тим кој минатата сезона избори опстанок преку бараж. Каменица Саса во рамки на првото воведно коло ќе гостува во Тетово каде ќе игра против Љуботен, додека пак Вардар ќе игра дерби со Истатов во Скопје.

Речица ќе има тешка задача на домашен терен против екипата на Ас Јунајтед од Струга, додека пак во Струмица ќе се игра мечот меѓу Тиверија Брера и Пелистер.

Според пропозициите, првопласираниот тим кој ќе биде шампион ќе игра квалификации за Лига на шампиони, додека пак деветтопласираниот тим ќе игра бараж за опстанок против второпласираниот тим од Втората лига, а пак десеттопласираниот тим од елитата директно испаѓа во второлигашката конкуренција.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img