домаМакедонијаКоњановски на 30 години „СИ-ДО“: Фестивалот е дел од културниот идентитет на...

Коњановски на 30 години „СИ-ДО“: Фестивалот е дел од културниот идентитет на Битола

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на одбележувањето на 30-годишнината од детскиот музички фестивал „СИ-ДО“, при што порача дека фестивалот претставува значаен дел од културниот идентитет на градот и симбол на детската музика во Македонија.

„Синоќа задоволство беше да присуствувам на вечерта во која се споија минатото и сегашноста, а различни генерации се препознаа во истите стихови, исти мелодии и исти чувства“, истакна Коњановски.

Тој нагласи дека фестивалот „СИ-ДО“ веќе три децении успешно опстојува на музичката сцена и остава белег врз културното пулсирање на Битола.

„Детскиот фестивал ‘СИ-ДО’ е музичка ризница и амбасадор на нашиот град. Децата пораснаа, но хитовите останаа исти“, посочи градоначалникот.

Коњановски упати честитки до организаторите и до сите кои низ годините биле дел од создавањето на фестивалот и детската музика, додавајќи дека музиката нема граници и дека „СИ-ДО“ ја претставува Битола и надвор од Македонија.

Тој најави дека Општина Битола и во иднина ќе продолжи да го поддржува фестивалот за сè што направил за градот и за развојот на детската песна.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img