HomeМакедонијаКоњановски ги прими амбасадорите на Германија и Франција во Битола

Коњановски ги прими амбасадорите на Германија и Франција во Битола

- Advertisement -spot_img

Амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер, и амбасадорот на Република Франција, Кристоф Ле Риголер, ја заокружија својата посета на Битола со официјална средба во Општина Битола, каде што беа пречекани од градоначалникот Тони Коњановски.

На средбата се разменети искуства од реализацијата на тековните проекти кои Општина Битола ги спроведува со поддршка од двете земји, како и можностите за продлабочување на идната соработка во области од економски, културен и образовен интерес.

Градоначалникот Коњановски се заблагодари за континуираната поддршка што општината ја добива од Германија и Франција, нагласувајќи дека овие партнерства значително придонесуваат кон развојот и модернизацијата на градот.

На средбата присуствуваше и почесната конзулка на Република Франција во Битола, Калиопа Кривашија Стилиновиќ, која исто така истакна важноста на соработката за унапредување на локалните проекти и зајакнување на меѓународните врски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img