домаМакедонијаКоњановски: Битола и во 2026 продолжува со силен инвестициски циклус во сите...

Коњановски: Битола и во 2026 продолжува со силен инвестициски циклус во сите месни и урбани заедници

- Advertisement -spot_img

Во просториите на Општина Битола се одржа традиционалната средба со претседателите на месните и урбаните заедници на градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, а на средбата беа присутни и секретарот Борче Димитровски, раководители на одделенија при Општина Битола, претседателот на Советот Бојан Бојкоски и директори на јавните претпријатија.

Во своето обраќање градоначалникот Коњановски истакна дека Општина Битола и во оваа 2026 година ќе продолжи со инвестиции во капиталната инфраструктура во градот и населените места.

Пред присутните се осврна и на активностите од 2025 година, проектите кои се реализираа и се во фаза на реализација, како и за новите проекти, како општински така и оние одобрени и финансирани од Владата, а од вториот повик се вкупно 65, кои ќе придонесат за подобрување на условите на живот на жителите во скоро сите области.

„Продолжуваме посветено во интерес на граѓаните на Општина Битола”, рече градонаначалникот Коњановски, а потоа во разговори и тој и администрацијата имаа можност да слушнат кои се предлозите и мислењата на претседателите на месните и урбаните заедници.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img