12.8 C
Skopje
9 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаКоњановски: „Хачико“ една година посветеност кон хуман третман животните

Коњановски: „Хачико“ една година посветеност кон хуман третман животните

- Advertisement -spot_img

Општина Битола деновиве одбележува една година од започнувањето на хуман третман на животните преку прифатилиштето „Хачико“. Градоначалникот Тони Коњановски, заедно со директорот на ЈП „Комуналец“ Горан Степановски, го посетија прифатилиштето во присуство на ученици од ОУ „Тодор Ангелевски“ и претставници на невладиниот сектор.

„Прифатилиштето има склучен договор со повеќе ветеринарни друштва од Општина Битола за хуман третман на уличната популација на кучињата. Ова прифатилиште ги задоволува сите стандарди за хуман третман на животните и се работи според програма која ги дава насоките на работа“, изјави градоначалникот Коњановски.

Тој упати апел до граѓаните да бидат одговорни сопственици и доколку своите кучиња ги пуштаат слободно на јавни површини, тоа да го прават во насока на хуман третман на животните.

Прифатилиштето „Хачико“ ја означува првата година од активната работа на општината за заштита на животните и промоција на одговорно сопствеништво.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img