9.8 C
Skopje
7 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонија(ВИДЕО) Коњановски: Финишира изградбата на влезот во Битола од правец на Прилеп

(ВИДЕО) Коњановски: Финишира изградбата на влезот во Битола од правец на Прилеп

- Advertisement -spot_img

Со засилени градежни активности, булеварскиот влез во Битола од правецот на Прилеп добива финален изглед. Работите на терен се изведуваат со дневни и ноќни смени, при што се врши асфалтирање, поставување на инсталации, уредување на тротоари и атмосферска канализација.

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, изјави дека сообраќајниот режим е организиран така што се минимизираат застои, а воедно се овозможува квалитетна реализација на проектот.

„Битола заслужува современ и европски влез во градот, а битолчани со право очекуваат нивниот град да има достоинствен влез што ќе ја рефлектира историјата и современоста на Битола,“ нагласи Коњановски.

Од општината посочуваат дека наскоро ќе биде финализиран целосниот изглед на овој значаен инфраструктурен зафат, кој се смета за еден од најважните за развојот и имиџот на градот.

Видеото може да го погледнете тука

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img