15.8 C
Skopje
9 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeРегионИзвестување од директорот на НИС до вработените: Алтернативни начини на плаќање на...

Известување од директорот на НИС до вработените: Алтернативни начини на плаќање на бензинските станици

- Advertisement -spot_img

Генералниот извршен директор на Нафтената индустрија на Србија (НИС), Кирил Тјурдењев, упати порака до своите работници во врска со стапувањето во сила на санкциите, што според најавите ќе се случи на 1 октомври.

Во своето обраќање, тој се допре и до дилемата што би се случило доколку финансиските институции, поради овие ограничувања, ја прекинат комуникацијата со НИС, пренесе Нова Економија.

Тјурдењев изјави дека НИС добил специфична дозвола од Министерството за финансии на САД, која ја одложува примената на рестрикциите до 1 октомври. “Она што можам да ви го потврдам сега е дека нашата рафинерија во Панчево моментално работи нормално, обезбедивме доволно снабдување со сурова нафта за преработка, како и доволно количество нафтени деривати за нашите магацини и бензински пумпи, а со тоа и за снабдување на пазарот.”

“Во случај на прекин на соработката на одредени банки и компании од финансискиот сектор со нашата компанија во наредниот период, подготвени се алтернативни решенија за плаќање на нашите бензински пумпи”, стои во неговото писмо до персоналот.

Тој го разреши и прашањето за платите на вработените во случај банките да го прекинат партнерството со НИС. “Важно е да знаете дека, доколку одредени банки ја прекинат соработката со компанијата, тоа нема да влијае на вашите лични сметки. Активно ќе се прилагодиме на новите околности и ќе бараме решенија во согласност со ситуацијата”, вели Тјурдењев во текстот.

Медиумот тврди дека НИС веројатно ќе ги извршува исплатите на платите на вработените преку Поштенска штедилница, со оглед на фактот дека тоа е единствената банка која е целосно во сопственост на државата.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, од Њујорк информираше дека САД ќе воведат санкции кон српската нафтена индустрија почнувајќи од 1 октомври. Исто така, Министерството за финансии на САД издаде нова посебна лиценца со која му се дозволува на НИС да извршува оперативни дејности најдоцна до 1 октомври оваа година.

Санкциите првично беа воведени на почетокот на 2025 година, но беа одложени вкупно шест пати. Првото одложување уследи веднаш по воведувањето, а последното до 26 септември. Санкциите беа воведени врз НИС поради руска сопственост. зш/.

Извор: МИА

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img