домаМакедонијаИзминатите 24 часа во Охрид наврнаа 6 литри дожд на м2

Изминатите 24 часа во Охрид наврнаа 6 литри дожд на м2

- Advertisement -spot_img

Во текот на изминатите 24 часа, во Охрид наврнаа 6 литри дожд на метар квадратен, соопштија од Управата за хидрометеоролшки работи на Република Македонија (УХМР).

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Гевгелија, 18 литри дожд на квадратен метар, по што следуваат Кавадарци – 17, Маврови Анови – 11, Берово и Пожаране – 10, Тетово – 8 и Ѓуриште – 7 литри на м2. Следуваат Охрид, Скопје-Зајчев Рид и Претор каде наврнаа 6 литри на м2, Велес, Демир Капија и Струмица со по 5, Попова Шапка – 4, Виница, Битола, Крива Паланка, Тополчани и Прилеп – 3, Скопје – Петровец и Крушево – 2 и еден литар на м2 во Куманово.

Во Охрид денес сончево и посвежо време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до 25 степени.

– Во текот на новата седмица ќе преовладува сончево и посвежо време со мала до умерена облачност во текот на денот. Температурите ќе бидат во границите на просекот за овој период од годината, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР).

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img