Со силна порака до жителите на Чаир, кандидатот за градоначалник Изет Меџити истакна дека неговата кандидатура произлегува од убедувањето дека општината заслужува многу повеќе – брз и праведен развој, институции кои ќе им служат на граѓаните, како и визионерско и чесно раководство.

„Не сум тука за позиции и привилегии, туку за многу поголема мисија – подигнување на Чаир на нивото што го заслужува, како модел на еднаквост, правда и развој за сите,“ нагласи тој.
Меџити вети дека Чаир ќе стане симбол на победата над корупцијата и неправдата, место каде што инвестициите нема да се блокираат од клановски интереси, училиштата ќе се модернизираат, а населбите ќе добијат нов сјај. Тој најави политики за поголема перспектива за младите, достоинствен однос кон пензионерите и услови за безгрижно детство.
„Не ветувам чуда, ветувам дека секогаш ќе бидам со вас – на секоја улица, во секое маало, каде што е потребна правда и работа. Чаир нема време за губење. Потребни се храбри одлуки, визија и чесна власт,“ рече Меџити.
Тој порача дека 19 октомври ќе биде ден на победа за Чаир и момент кога граѓаните ќе ја вратат гордоста и ќе обезбедат иднина за сите.






